Кошаркарите на АВ Охрид одлично го почнаа контролниот период пред почетокот на новата кошаркарска сезона кај нас. На пријателските средби одиграни викендов во СРЦ „Билјанини Извори“, охриѓани успеаја да остварат две победи против гостите од Бугарија, екипата на Рилски Спортист.

По првата победа од 79:78, „галебите“, денеска славеа и во вториот меч, овој пат со 76-72. Ова е одличен знак за тимот предводен од Марјан Илиевски, кој во новата сезона се очекува да се бори за висок пласман во Супер лигата.