По очајно одиграните први два сета (13:25, 17:25), одбојкарите на Белорусија со голем пресврт дојдоа до првата победа на европското првенство во Словенија. Репрезентацијата против која ние ја гледаме нашата последна шанса за дебитантски триумф на ова големо натпреварување, почна очајно во дуелот со Финска, ги загуби првите два сета со убедлив резултат, но потоа откако на разлика со 30:38 го доби третиот сет, доби на голема самодоверба и се избори за победа од 3:2 во сетови.

Во четвртиот сет Белорусите славеа со 25:22, додека во петтиот, тај-брејк, сет успеаја да слават со 15:13 и да дојдат до првата победа во нашата група. Ние денеска паузираме и се подготвуваме за утрешниот меч токму со Белорусија, која денеска максимално се замори со овие 5 сета против Финска.