ФИБА ја прогласи најдобрата петорка, очекувано во неа доминираа кошаркарите на новиот светски првак Шпанија, кој во финалето без проблем ја совладаа Аргентина.

За најкорисен кошаркар на првенството е прогласен Рики Рубио, сосема заслужено беше вистински лидер на теренот.

„Дрим тимот“ во Кина го сочинуваат: Богдан Богдановиќ (Србија), Еван Фурние (Франција), Рики Рубио (Шпанија), Марк Гасол (Шпанија) и секако Луис Скола (Аргентина).