Рики Рубио е најкорисниот кошаркар на Светското првенство. Тој со неговата Шпанија ја совлада Аргентина во големото финале и се најде во идеалната петорка на Мундијалот.

По завршувањето на свечената церемонија, шпанскиот кошаркар ја даде најемотивната изјава.

„Ја изгубив мојата мајка пред три години. Таа беше зад мене секој ден, ме туркаше напред. Знам дека никој на овој свет не ме сака како неа. Таа и натаму е мојата најголема мотивација. Дури и сега кога не е тука, го чувствувам тоа”, рече Рубио кој за малку ќе заплачеше.