Франција го освои третото место на Мундобаскетот во Кина, откако денеска ја совлада селекцијата на Австралија со 67:59, благодарение на добрата игра во последната четвртина во која беше направен и песвртот.

Французите на полувремето губеа со 9 разлика, а на крајот од третата четвртина намалија само на четири. Последната четвртина, пак, „триколорите“ ја добија со дури 25:13, што беше клучно за триумфот.

Еден од заслужните за триумфот беше Нандо Де Коло кој постигна 19 поени.