Место во сабота, супер дербито на Истокот, мечот од 5.коло меѓу Брегалница и Тиквеш ќе се игра в четврток од 19 часот. Имено во сабота во рамките на „пастрмајлијадата“, во центарот на Штип свој концерт ќе има мега – популарната Цеца. Се очекуваат десетина илјади посетители, па МВР не дозволи вечерта во исто време да има и фудбал. Штета, штипјани се подготвуваа евентуалниот триумф над лутиот ривал да го прослават со Цеца, но и овака секако дека во четврток ќе има фудбалски спектакл под Исарот. И Брегалница и Тиквеш влегуваат во ова супер – дерби со по 10 бодови. Но сега кавадарчани се во психолошка предност со оглед на тоа дека „сините“ денеска кикснаа во Македонска Каменица.