Шпанија ни приреди досадна битка за златниот медал на Светското првенство. „Црвената фурија“ влезе како фаворит против Аргентина и максимално ја оправда оваа улога, славеше со убедливи 75-95 (14-23, 17-20, 16-23, 28-29) и по вторпат во својата историја ја освои титулата на Мундијалите, претходно тоа го стори во Јапонија во 2006 година.

Неизвесност и драми немаше, Шпанците тргнаа доминантно уште на стартот, по само неколку минути дојде до двоцифредна предност (2-14). Предводникот Скариола подготви одлична одбраната, најголемата опасност во редовите на Аргетина, Луис Скола беше затворен, првите поени ги постигна дури во третата четвртина од линијата за слободни фрлања, додека од игра во 35. минута.

Рубио со 20 поени и седум скока беше прв стрелец, Љуљ имаше 15 поени, кај Аргентинците Дек имаше 24 поени, додека Скола само осум.

На стартот на втората четвртина, Шпанија имаше плус 17 (14-31), највисоката предност беше во третиот период 33-55. Аргентина во решавачките десет минути се обиде да се врати во мечот, но веќе беше доцна, па „црвената фурија“ сосема заслужено ја освои титулата на Светското првенство.