Утре на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите на „Сан Пауло“ во Неапол ќе се соочат Наполи и Ливерпул. Двата клуба и минатата сезона беа во групната фаза на Лигата на шампионите, а тогаш Наполи победи дома со 1:0, но загуби на гости со ист резултат во последното коло и не отиде понатаму поради полошата гол-разлика. Ливерпул замина во осминафиналето место нив, а подоцна „црвените“ ја освоија европската титула.

Ливерпул порасна. После тоа што го направи минатата сезона, созреа како тим и сигурно ја научија лекцијата. Но и Наполи порасна посебно што воведовме доза на квалитет во екипата. Тоа ќе биде супер-тежок натпревар, борба до последен здив против европскиот шампион. Искрено сакам да го повториме резултатот од минатата сезона. Тогаш добро се браневме, а дефанзивниот аспект е многу важен на вакви важни натпревари“, изјави Анчелоти.

Очекувам екипата да се брани одлично кога треба, а да напаѓа кога ќе почувствува простор за тоа и да ја држи топката кога е потребно. Ни е потребен перфектен настап“, додаде искусниот италијански стратег кој претходно ја освојуваше титулата во ЛШ.

Анчелоти се присети на минатото и на дуелите со Ливерпул.

Моите најголеми разочарувања и најголеми радости се поврзани со Ливерпул. Изгубив две финалиња од нив, едно како играч на Рома и едно како тренер на Милан, но исто така добив едно финале против нив како стратег на Милан. Тоа е тим кој го почитувам. Играњето на Енфилд секогаш е уникатно чувство поради атмосферата која се создава“, вели „Дон Карло“.