„Младост“ заминува во историјата, од вчера стадионот во Струмица се вика „Благој Истатов“.

Ова е одлука на ФК Беласица, односно на првиот човек на клубот Славчо Васков – Пинда, кој е и концесионер на стадионот. Со ова Беласица, инаку матичниот клуб на Истатов, сака да му се оддолжи на својот великан, на еден од најголемите голмани и фудбалери во мак – фудбалот кој почина пред една година.

Секако дека еден Истатов, кој беше и е синоним на фудбалот во Струмица,  ова апсолутно го заслужува. Градот и струмичани засекогаш може да бидат горди на него.