Повеќето тренери во големите првенства, се дотерани за време на натпреварите. Носат одела, но тоа не е случај со Јирген Клоп. Тој и на финалето во Лигата на шампионите беше во спортска варијанта, а сега објасни и зошто.

„Имам одела дома и ги носам на свадби, погреби и кога некој ќе ми каже дека морам. Не се чувствувам добро. Поради краватата не можам да дишам. Плус на клупата скокам цело време, се движам и не се чувствувам комотно“, рече Клоп кој додаде дека економот секогаш за него има подготвено неколку варијанти за натпревар.

„Не сакам да изгледам убаво крај аут-линијата. Важно ми е мојот тим да изгледа убаво“, изјави Клоп.