Интер пред две недели играше на гости кај Каљари, а во центарот на вниманието беше Ромелу Лукаку, постигна гол за победа на својот тим. На овој дуел ја видовме онаа лоша страна на италијанските фанови.

Расизмот во голема мера е застапен во Италија, фановите на Каљари испратија бројни навреди на сметка на Лукаку.

Но, тука не застануваат лошите вести. Фудбалски аналитичар од оваа земја го поддржуваше расистичкиот напад на навивачите и додаде дека постои само еден начин како да се сопре овој фудбалер.

„Ако одите еден на еден против него, едноставно ќе ве „убие“. Единствен начин да го сопрете е да му фрлите десет бабани“.

Директорот на на телевизијата „TopCalcio24“ Фабио Равенаци и се извини на јавноста за изјавата.