По блескавото издание во саботата против Сампдорија, во меч кој Наполи победи со 2:0, а Елиф Елмас беше играч на мечот, Карло Анчелоти е во „проблеми“. Имено тој се уште се мисли дали „дијамантот“ ќе биде стартер на утрешниот дуел во Лигата на Шампионите против Ливерпул, или тоа ќе биде Алан.

Најновите информации велат дека ќе го нема ни Мертенс во нападот меѓу стартерите, дека ќе почне со Љоренте и Лозано. Но вреди да се почека, Анчелоти денеска на пресот ќе одговори на прашањата околу тимот. 

Инаку јавноста, медиумите во Италија и натаму го величат Македонецот по мечот со Сампдорија, дури и капитенот Инсиње рече дека е воодушен од тоа што го видел, па затоа сите бараат од Карло токму Елмас утре да биде стартер.

Во секоја случај дали стартер или ќе влезе во игра во вториот дел, Елмас утре на „Сан Паоло“ и тоа против европскиот шампион, ќе го има својот прв настап во Лигата на Шампионите.