Самуел Умтити имал непријатност во саботата, откако крадци ја ограбиле неговата куќа. Умтити бил на натпреварт на својот тим Барселона против Валенсија, а тоа било искористено од ограбувачите кои провалиле во куќата на стоперот.

Станува збор за четворица маскирани крадци кои успеале да изнесат се што било вредно од куќата. Соседите го пријавиле случајот, откако виделе дека е отворена вратата.

Умтити не играше на средбата поради повреда, но ја проследи од трибините. Пред неколку недели беше ограбен и Артур, уште еден играч на Барса.