Како изгледа кога Македонија во вистинска смисла на зборот е предводена од нејзиниот капитен Никола Ѓоргиев видовме вечерва, во историската 3:1 победа над Белорусија на одбојкарската репрезентација на едно Европско првенство.

Никола мечот го заврши со 36 поени од напад и еден ас-сервис!!! Тоа е нашиот Нико капитенот кој го знаеме, во кој слепо веруваме и кој го следиме… Колку недостасуваше тој на првите два натпревари со Финска и Турција се виде вечерва и како изгледа Македонија кога тој е на ниво.

Тоа му го признаа и соиграчите по натпреварот, но на теренот се виде колку таа капитенска енергија е потребна за да бидат сплотени како едно и да експлодираат во момент во кој најмалку очекувавме.

Никола, Никола нешто чудно ни се случува… А, чудото денеска го донесе ти!