Некогашниот југословенски репрезентативец, Саша Обрадовиќ е замената за Александар Ѓорѓевиќ на селекторското место во таборот на Србија.

Обрадовиќ не успеа да ги одведе кошаркарите до битката за медал на Светското првенство во Кина кое заврши вчера. Но, тоа не е единствената причина поради која заминува од оваа позиција, неговиот договор истече веднаш по Мундијалот.

Првата обврска со Србија, Обрадовиќ ќе ја има во февруари во квалификациите за пласман на ЕП 2021 година.