Во меч од пониските лиги во Аргентина е забележан најфантомскиот гол на сите времиња или поточно кажано најлошата судиска одлука за гол некогаш видена на фудбалските терени. Нафрлување од левата страна, а голманот ја фати топката иако од втор обид, но главниот судија го послуша линискиот кој оцени дека топката ја минала гол-линијата и покажа погодок. Сите се зачудија на оваа одлука затоа што топката беше барем два метра во поле. И покрај протестите на оштетениот тим, судијата си остана на своето и кажа дека е погодок… Неверојатно.