Еурофарм Работник немаше време да ги собере мислите по дуелот со Спортинг, меч кој го загуби (29-30) на домашен терен во дебито на Лигата на шампионите.

Битолчани по овој меч веднаш се спакуваа и летнаа за Шведска поточно во Гетеборг каде што во среда ќе ги одмерат силите со Савехов во рамките на второто коло.

Шведскиот тим сезоната ја стартуваше со триумф на гостински терен, беше подобар од Кокс со 25-30.