Петтото коло во Премиер лигата го заклучуваат Астон Вила и Вест Хем, а на овој меч можен е секој исход. Веруваме во голови. А не веруваме во голеада во рускиот дуел помеѓу Ростов и Ахмат. Ова се нашите предлози за типување денеска.

РУСИЈА 1

ДИНАМО  – УФА

Динамо ги доби двете соочувања со Уфа минатата сезона, а големи се шансите да го добие и третото по ред. Уфа е солидна но само кога игра дома, на гости често губи. Единицата комбинирајте ја со 2-4 гола.

РОСТОВ – АХМАТ

Ростов игра одлично во последните три недели и запиша две убави победи над Рубин и над Локомотива Москва. Јасно е дека е фаворит на овој меч, но со Ахмет никогаш не се знае (да потсетиме дека му откина бод на Зенит во Санкт Петербург). Најчест исход на меѓусебните дуели е 0-2 гола, па пробајте тоа.

ТУРЦИЈА 1

АЛАЊА – ФЕНЕРБАХЧЕ

Водечката Алања има само победи и „пука“ од самодоверба. Меѓутоа сега очекуваме бодовите да ги однесе квалитетниот Фенербахче кој исто така тргна одлично, а ваква добра квота на „канаринците“ долго нема да видите. И овде ГГ е реално.

АНГЛИЈА 1

АСТОН ВИЛА – ВЕСТ ХЕМ

Незгоден меч за типување. Двете екипи имаат идентични шанси за победа. Вест Хем е во нешто подобра форма но, сепак, не се осмелуваме да ви препорачаме двојка. Наш избор е ГГ.

ЧЕШКА 1

ПЛЗЕН – ЈАБЛОНЕЦ

Плзен го брка лидерот Славија и не смее да си дозволува губење на бодови. Овој дуел мора да го добие но да кажеме и дека Јаблонец е цврст ривал и не попусто е на четвртото место на табелата. Кецот е прв избор, а ако не сте сигурни во него одиграјте ГГ3+.

ГЕРМАНИЈА 3

УНТЕРХАКИНГ – КЕМНИЦЕР

Ова е зицер за домаќините кои се во добра форма и кои бркаат место меѓу трите најдобри во лигата. Кемницер е лош, со само три бода е претпоследен, а е една од двете екипи без победа (заедно со Јена). Играјте ПК 1-1, КМБ 1&2+.

РОМАНИЈА 1

ВИТОРУЛ – ГАЗ МЕТАН

Газ Метан игра одлично во новата сезона и е дури на второто место на табелата. Виторул се мачи да воспостави ритам и да почне да победува во серија. Тука сметаме на реми, а ако ви е преголем ризик побарајте 0-2 гола.