Катарскиот клуб Ал Гарафа, ќе биде следната дестинација на Марио Манџукиќ во кариерата. Тој веќе бил виден во новата средина, а го напушта Јувентус разочаран од одлуката да не биде вклучен на списокот на фудбалери за ЛШ, а сега не беше во комбинација ниту за настап против Фиорентина.

Манџукиќ ја прифаќа понудата пред се поради одличните финансии. Тој треба да заработува нешто повеќе од 6 милиони евра по сезона, што е малку повеќе од она што го заработува во Јувентус.