Одличен старт на сезоната имаат македонските напаѓачи кои играат во странство. Во дури три првенства се на врвот на листата на стрелците.

Иван Тричковски викендов постигна два гола, со што се искачи на врвот со четири постигнати гола од две одиграни кола. Тој и на првиот меч даде два гола.

Милан Ристовски во осмиот меч за словачка Нитра, го даде петтиот гол со што го дели првото место на листата на стрелците во Словачка. Уште четири играчи имаат ист број на голови засега.

Одличен старт на сезоната во Турција има Адис Јаховиќ. Тој вчера го постигна својот трет гол, и се искачи на првото место на листата на стрелците.

Нека продолжат со стрелање и до крајот на сезоната, а посакуваме на овие тројца да се приклучи уште некој со голови.