Кристијано Роналдо неодамна дал интервју за „Good morning Britain“ кое целосно треба да биде пуштено утре. Но, од оваа ТВ-куќа пуштија мал дел од разговорот, поточно најемотивниот. Португалскиот фудбалер заплака пред камерите кога го виде својот татко на видео-снимка.

„Никогаш ја немам видено оваа видео-снимка. Неверојатно, па од каде ви е? Морам да го имам, да му го покажам на моето семејство. Мојот татко не го познавав добро. Беше алкохоличар и никогаш не разговаравме нормално. Се чувствувам лошо, не ги доживеа сите мои успеси. Ме фативте неподготвен, мислев дека ќе се шегуваме и нема да биде вака емотивно. Се извинувам“.

Таткото на Роналдо починал во 2005 година на 53 години.