Одредени се судиите за натпреварите од 6.коло, кои се закажани за во среда (18.09.2019), со почеток во 15:30 часот. Васко Маврвов од Струмица е одреден за главен судија на средбата меѓу Шкупи и Вардар, тоа секако дека е дерби на 6.коло. Марјан Ецкоски од Охрид пак ќе ја дели правдата на соседското дерби под Шара каде играат Ренова и Шкендија.

 

СУДИИ И ДВОЈКИ (18.09.2019 – 15:30 ч)

Шкупи – Вардар (В. Мавров – Струмица)

Силекс – Борец (А. Грујоски – Кичево)

Работнички – Македонија ЃП (М. Младеновски – Скопје)

Ренова – Шкендија (М. Ецкоски – Охрид)

Струга ТЛ – А. Пандев (Д. Јакимовски – Скопје)