Голем дел од учесниците на Мундобаскетот испратија критики за форматот на натпреварување поточно за долгите патувања за време на првенството, па репрезентациите имаа малку време за одмор.

Полуфиналистите Шпанија и Аргентина имаа два дена одмор, додека пак поразените во битката за место во финале Австралија и Франција одмараа само еден ден.

На следното Светско првенство кое ќе се одржува во три земји: Јапонија, Индонезија и Филипини овој проблем ќе биде решен.

„На хартија изгледа совршено, но кога ќе го искусиш е поинаку. Тоа се работи кои сме подготвени да ги подобриме во иднина“, изјави генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис.

.На Мундијалот во Кина за 16 дена се одиграа рекордни 92 натпревари во осум града.