Вчера во Битола, Еурофарм Работник за првпат настапи во ракометната Лига на Шампиони. Очигледно беше дека салата во Битола не беше исполнета до последното место, исто така очигледно беше дека битолските фанови „чкембари“, не беа присутни.

Тие беа во Охрид каде играше нивниот ФК Пелистер, кој го „здроби“ Охрид со 5:1. Инаку „чкембарите“ по завршување на мечот од Охрид порачаа: Се додека нема фузиија ние како навивачка група не одиме на ракомет, не одиме на натпревари на Лига Шампиони“.