Македонија ја запиша првата, историска победа на настапите во Европското одбојкарско првенство, против Белорусија, 3:1, предодена од капитенот Никола Ѓоргиев. По натпреварот сите беа презадоволни

„Ова е вистинското лице на Македонија. По трите порази покажавме карактер и колку можеме и знаеме. Горд сум на оваа екипа, на овие момци, срце планина!“ – коментираше капитенот Никола Ѓоргиев, кој додаде: „37 поени, навистина. Тоа ми е работа! Но, тоа се поени на целиот тим, тоа е тимска работа.“

„Преголема победа, за ова дојдовме на ЕП. Можеби е малку подоцна, но најважно е дека се радувавме…“, изјави Иван Андонов.

„Низата порази, малку среќа, инатот во нас, критиките, сите кои велеа дека сме аутсајдери… Покажавме дека можеме да одиграме добар меч, тоа е нашата игра, имавме подеми и падови, но овој меч покажавме голема желба“ – изјави Александар Љафтов