Марјан Стојановски од Кичево е одреден за главен судија на супер – дербито на Истокот. На дербито меѓу Брегалница и Тиквеш, дерби кое се игра в четврток под Исарот и тоа под рефлектори со почеток од 19 часот.

Да кажеме дека Стојановски пред десет дена го судеше мечот меѓу Питу Гули и Брегалница, на кој штипјани победија на гости дури со 6:0. Ова е меч од 5. коло, и двете екипи се на делба на првото место со по 10 бодови.

И двете екипи се главните ривали за првото место во оваа конкуренција, место кое води следната сезона во ПМФЛ. За овој натпревар владее голем интерес, стадионот во Штип секако дека ќе биде полн, се игра во убав термин, останува само и двете екипи, кои имаат прволигашки состави, да ги оправдаат очекувањата на јавноста и да ни приредат фудбалски спектакл.