Исто како и лани. Наполи славеше победа над Ливерпул пред своите навивачи во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Овојпат резулатот е 2:0. Погодокот кој го отвори резултатот го постигна Дрис Мертенс во 82 минута од пенал. Претходно Робертсон проба да запре еден играч на Наполи но го удри по нозете, а бидејќи сето тоа се случуваше во шеснаесетникот на Ливерпул, судијата покажа пенал. Во 92 минута „џокерот“ Фернандо Љоренте ја запечати победата. Вредни бодови за тимот од Неапол, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го направи дебито во ЛШ со тоа што влезе во игра во 75 минута на местото на повредениот Алан.

На Салцбург му оди против белгиски противници. Австрискиот шампион досега немаше загубено од екипа од Белгија, а таа серија ја продолжи со убедлива победа над Генк со 6:2 во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Норвешкиот тинејџер Ерлинг Браут Халанд постигна хет-трик во првото полувреме, а на листата на стрелци за домашните се впишаа уште Хван, Собослаи и Улмер. За гостите стрелаа Лукуми во првото и Самата во второто полувреме.

А Ајакс имаше фантастичен настап против повратникот во ЛШ, француската сензација Лил. Промес, Алварез и Таљафико ја донесоа победата на минатосезонскиот полуфиналист со 3:0.

Валенсија првпат победи на „Стемфорд Бриџ“. Популарните „лилјаци“ триумфираа со 1:0 на гости кај Челси, а победничкиот гол го постигнаа во 75 минута. Парехо нафрли, Родриго и избега на одбраната на Челси и го совлада Кепа. Во второто полувреме „сините“ не реализираа пенал, поточно промаши Баркли. А Франк Лампард со пораз дебитираше како тренер на меч од Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд пропушти шанса да ја победи Барселона на „Вестфален“. Во 57 минута Марко Ројс не погоди од пенал, па двете екипи си ги поделија бодовите во дербито на групата Ф.

ЛШ – Групна фаза (1.коло)

ГРУПА Е

САЛЦБУРГ – ГЕНК            6:2
Халанд 2’, 34’, 45’, Хван 36’, Собослаи 45’+2’, Улмер 66’ – Лукуми 40’, Самата 52’
НАПОЛИ – ЛИВЕРПУЛ   2:0
Мертенс 82’(п), Љоренте 90’+2’

ГРУПА Ф

ИНТЕР – СЛАВИЈА П.      1:1
Барела 90’+2’ – Олајинка 63’
БОРУСИЈА Д. – БАРСЕЛОНА       0:0

ГРУПА Г

ЛИОН – ЗЕНИТ  1:1
Депај 50’(п) – Азмун 41’
БЕНФИКА – РБ ЛАЈПЦИГ              1:2
Сеферовиќ 84’ – Вернер 69’, 79’

ГРУПА Х

АЈАКС – ЛИЛ      3:0
Промес 18’, Алварез 50’, Таљафико 62’
ЧЕЛСИ – ВАЛЕНСИЈА      0:1
Родриго 74’