На адресата на францускиот првак стигнаа добри вести пред настапот во Лигата на шампионите. Казната на Нејмар поради навреда на судијата по елиминацијата од Јунајтед минатата сезона е намалена на два меча наместо три.

Француски „L’Equipe“ пренесува дека арбитражниот суд во Лоазана денеска ја смени одлуката на УЕФА. За потсетување бразилската ѕвезда збесна откако судијата досуди пенал во последните минути од мечот против англискиот клуб.

Нејмар ќе го пропушти мечот во ЛШ против Реал Мадрид, кој се игра утре во Париз и гостувањето кај Галатасарај. Тој во составот на ПСЖ ќе биде за натпреварот Клуб Бриж.