Елиф Елмас, младиот Македонец и фудбалер на Наполи, според шпанска „Марка“ се очекува да биде еден од младите десет бисери кои ќе ја одбележат оваа сезона во ЛШ, или пак може да блеснат. За „дијамантот“ овој влијателен весник пишува само во суперлативи, се вели дека Елмас многу брзо се снашол во Наполи, дека може да игра на неколку позиции во тимот, дека воопшто без проблеми се снаоѓа во дуелите со многу поискусните од себе.

Покрај Елмас „Марка“ потенцира дека треба да се внимава и на Дани Олмо (Динамо), Јанис Хаџи (Генк),Доминик Шобошлаи (Салцбург), Ибрахим Конате (Лајпциг), Лисандро Мартинез (Ајакс), Маркос Антонио (Шахтјар Доњецк), Ерлинг Халанд (Салцбург), Оливер Скип (Тотенхем), Алекс Мерет (Наполи).