Кога капитенот Никола Ѓоргиев е на врвот на задачата тогаш и машката одбојкарска репрезентација има поинаков лик, а тоа се виде многу убаво на последните два меча од групната фаза на Еуро Волеј, кога прво падна Белорусија, а потоа и Словенија денеска.

Ѓоргиев имаше многу пофални зборови за своите соиграчи, кажа дека е горд на екипата, а победите и историјата која ја пишуваат одбојкарите на ова ЕП ја посвети на нацијата.

„За мојата земја, за мојот народ, за Македонија! Газиииии“ – напиша Ѓоргиев на својот Фејсбук профил.