Европскиот првак Ливерпул претходната сезона беше на прагот на елиминација во групната фаза на Лигата на шампионите, но мора да кажеме дека имаа среќа. Наполи во првиот меч од второто коло славеа пред своите навивачи со 1:0, а „Црвените“ се реваншираа со истиот резултат во последната рунда. Тогаш момците на Јирген Клоп поминаа понатаму поради поголемиот број на дадени голови, додека екипата на Карло Анчелоти мораше да се задоволи со учество во Лига Европа каде испадна во четвртфиналето после двата порази од Арсенал.

Домашните се исклучително мотивирани за одмазда, додека противникот трпи притисок, што поради очекувањата како бранители на титулата и оваа сезона да одат со самиот крај, што поради желбата конечно да ја освои Премиер лигата.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – Група Е (1.коло)

НАПОЛИ – ЛИВЕРПУЛ
Вторник, 21.00
Шифра: 6403

Наши предлози
КМБ      X2&ГГ    2,10
ТГГ          ГГ            1,58
* Квотите подлeжат на промени

Наполи на домашен терен знае против клубовите од Англија (5-1-2), но и Ливерпул не губи лесно во Италија. Меѓутоа, „Црвените“ минатата година во оваа фаза ги загубија сите три меча на гости, што на навивачите на „Сан Паоло“ им дава причина за оптимизам.

Стратегот на Ливерпул Јирген Клоп посочи дека сака да победи на „Сан Паоло“, но и би задоволен и со реми. Го почитува Наполи за кого вели дека е многу силен пред своја публика.

Вечерва можеме да го видиме и дебито на Елиф Елмас во Лигата на шампионите. Македонскиот „дијамант“ кој од ова лето е член на Наполи со Фенербахче ја немаше таа можност, но еве шанса за своја презентација пред светот.

СИТЕ КВОТИ ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ ОД „MOZZART“ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ

Анчелоти нема преголеми кадровски проблеми, а дури и некои играчи кои во текот на претходната седмица се жалеа на ситни повреди би требало да бидат спремни за овој дуел. Клоп уште некое време нема да смета на голманот Алисон, додека Дивок Ориги поради повреда на глуждот излезе од игра во првото полувреме на саботниот меч со Њукасл. Гостите сезоната ја почнаа подобро од противникот, а го освоија и УЕФА Суперкупот против Челси. Сите исходи се можни, но ви предлагаме КМБ Х2&ГГ, а на повнимантелните само ГГ.