Одбојката е во мода во Македонија, сега сите знаеме за овој прекрасен спорт, а „виновни“ се нашите „спартанци“ кои редат победи на ЕП. Играме супер одбојка, играме за мерак, за уживање, така и треба кога станува збор за Македонија. Оваа селекција предводена од Матијашевиќ го „стопи„ среброто“ на Словенија, ние ја победивме Словенија. Сега сите сме горди на капитенот Ѓорѓиев и останатите наши одбојкарски „воини“, нашите спартанци кои уште еднаш, којзнае по кој пат покажаа и докажаа дека се квалитет, дека знаат како се победува и кога е најтешко, и кога имаш против себе силни ривали и тоа на нивни терен, пред нивна публика.

Одиме МАКЕДОНИЈА во нови победи…

А вам Спартанци ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА радоста што ни ја приредувате…