Познато дека Интер и Милан во блиска иднина сакаат нов стадион, „Сан Сиро“ или „Ѓузепе Меаца“ ќе оди во историјата. Сепак се уште не се знае дали постоечкиот ќе се урива или пак ќе се продава. Сумата е некаде околу 70 милиони евра, и може да го купи кој сака. „Проблемот“ е во тоа што ако навистина се продава, тогаш Јувентус би искеширал толку пари и би го купил.

Јуве тоа би го направил од чисти екокономски причини. Неговиот стадион во Торино е со капацитет од 38.000 гледалчи, или двојно помалку од оној во Милано. Кога се играат важни мечеви, посебно во Лигата на Шампионите, факт е дека Јуве губи многу пари со оглед на тоа дека не може да го достигне приходот на Интер на пример.

Е сега дали ова е само шпекулација на одредени новинари во Италија или не, останува да се види. Инаку Јуве не би имал проблем да игра во Милано зошто познато е дека во таа регија во Италија, „црно – белите“ имаат голем број фанови.