Македонија има широко отворени врати кон осминафиналето на Европското првенство 2019, откако во последниот меч (за неа) во групата Ц вечерва ја победи Словенија. Со две победи и шест бода, нашите момци се на третата позиција во групата, но мора да го почекаат расплетот од другите средби за да знаат дали да ги пакуваат куферите за Нант.

Нашите репрезентативци по потешкиот, но по послаткиот пат дојдоа до успехот кој го најавија пред настапот на Еуро Волеј, а можат да се пофалат и дека се првиот тим кој му нанесоа пораз на ко-организаторот и домаќинот на нашата група, Словенија и тоа сред Љубљана.