Македонските одбојкари ќе мораат да почекаат до утревечер за осминафинална заверка на Европското првенство 2019, со оглед на тоа дека Турција со 3:1 (25:21, 26:24, 20:25, 25:19) ја совлада Белорусија и го одложи нашето славје.

Белорусите не успеаја да одиграа ниту за себе, ниту за нас и сега за пласман во следната фаза и пат кон Нант, Македонија ќе треба да го чека утрешниот исход од средбата меѓу Финска и Турција, во која единственото сценарио кое не ни одговара е било каква победа на Финска.

Сега останува да навиваме за Турците да ни завршат работа и на нас и за нив и заедно да заминеме за Франција, каде во Нант трето и четврто пласираните екипи од групата Ц ќе играат со првиот и вториот во групата А.