Шпанската кошаркарска репрезентација вчера се врати дома од Мундобаскетот во Кина, заедно со епитетот нов светски шампион. Десетици илјади навивачи ги поздравија националните херои, од аеродромот до плоштадот на Колумбо во Мадрид.

Шампионска парада, многу пиење, играње и славеше до доцна во ноќта. Шпанија ја славеше втората шампионска титула на Светското првенство, откако во финалето со 95:75 ја совлада Аргентина.