Дека одбојкарскиот национален тим ја има поддршката од комплетната македонска јавност и покрај поразите по првите три кола беше јасно од коментарите и пораките кои ги добиваа по натпреварите.

Нацијата не се откажа од нив, а не се откажаа ниту одбојкарите, кои по еден ден одмор, собраа сила и енергија и „експлодираа“ на ЕП со две победи во низа. И сега, кога го покажаа своето вистинско светло, пристигна една порака која во целост ја опишува нивната големина.