Првиот човек на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски беше еден од најсреќните на трибините во „Стожице“ по победата над Белорусија, додека денеска момците одново му го исполнија срцето со триумфот над Словенија и останувањето во игра за осминафиналето.

Јовановски имаше што да им порача на играчите и како да им се заблагодари за големата радост.

„Сакам да им кажам дека ги сакам како свои деца, и сакам да им кажам дека верувам во нив и сакам да кажам дека кажав!“ – кусо искоментира за СПОРТМЕДИА, претседателот на ОФМ, Петар Јовановски, кој беше исполнет со задоволство и емоции.