Иако се очекуваше супер меч во Дортмунд помеѓу Борусија и Барселона, сепак, мрежите мируваа. Може да се каже дека јунак на мечот беше голманот на Барса Марк Андре Тер Штеген кој правеше чуда на својот гол, а одбрани и пенал. Токму пеналот е предмет на анализа затоа што кога Марко Ројс го шутираше во 57. минута, Тер Штеген беше барем еден метар подалеку од линијата што е забрането. Судијата не го виде тоа, а ни оние од ВАР собата останаа неми. Тер Штеген го одбрани пеналот, а според правилата би требало пеналот да биде повторен.