По вчерашното среќно реми на гостувањето во Дортмунд против Борусија во Лигата на шампионите, Ернесто Валверде ќе има нови проблеми со стартерите во пресрет на новите битки. Имено, Барселона ќе биде без левиот бек Жорди Алба во наредните две недели.

Дефанзивецот доби истегнување на задниот дел од бутот на натпреварот со Борусија Дортмунд од Лигата на шампионите и беше принуден да ја напушти играта во 40-та минута. Алба ќе ги пропушти претстојните натпревари со Гранада, Виљареал и Хетафе, но според најавите, тој би требал да биде „фит“ до мечот од 2. коло во ЛШ во октомври.