Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт Дани де Коста се решил да испрати тужба до неговата мајка, а причината е бизарна.

Овој 26-годишен фудбалер си ги сака сите фудбалски дресови назад, а тврди дека неговата мајка не му ги дава.

Станува збор за шест дреса кои ги разменил после натпреварите.

Мајката, пак, смета дека синот и ги подарил. Рочиштето е закажано за 27 септември.