Втора победа на македонската репрезентација на Еуро Волеј од 3:1 со која сериозно го вознемири домаќинот Словенија ја носи и вториот епитет МВП за капитенот на нашиот национален тим, Никола Ѓоргиев.

„Македонија продолжува да изненадува и од 0-3 во првиот дел од Еуро Волеј, има реални шанси да влезе меѓу најдобрите 16 на првенството. Нејзината главна напаѓачка сила – капитенот Никола Ѓоргиев не застана на 37 поени против Белорусија, туку продолжи понатаму и додаде нови 24 поени со кои и помогна на Македонија да го победи организаторот Словенија пред својата публика.“