Некогашниот холандски фудбалер Фернандо Риксен, ја загуби битката со тешката болест. Тој денеска почина на 43 годишна возраст. Ова и официјално го објави неговиот клуб Глазгов Ренџерс. Инаку Риксен настапуваше и за Фортуна, Аз Алкмар,  Зенит од Санкт Петеребург. Риксен и неговото семејство долго, речиси шест години, се бореа со заболувањето на моторичките неурони во неговото тело.