По Шара без голови, две шанси за Ренова и една за Шкендија. Но она што се случи во 25.минута е за „Гинис“, што ли утна „гипсарот“ Бурим Садики. Тој влета во казнетиот простор на гостите, го мина и Захов и кога требаше само да ја втурне топката во празната мрежа, Садики не ја зафати.