Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски ги посети македонските одбојкари и им го честита големиот триумф над репрезентацијата на Словенија, која беше голем фаворит на тој дуел. Вчера навиваше за нив во “Стожице”, денеска дојде во хотелот да им честита на екипата или како што кажа Филип Деспотовски – најненормалната екипа на ЕП.

Во таа прилика Никола Ѓорѓиев на фотографијата ги стави легендарните зборови на Владо по пласманот во полуфиналето на ЕП во кошарка во 2011 година: „Леле луѓе што направивме“, а истите сигурно може да се употреби и за подвигот на одбојкарите.