Две гостински,  три домашни победи и едно реми на вечерашните натпревари од 1.коло во Лигата на шампионите.

Јувентус имаше голема шанса да ги освои бодовите на „Ванда Метрополитано“, поведе со 2:0 во второто полувреме со головите на Квадрадо и Матуиди, но му дозволи на Атлетико да се врати и да спаси бод преку Стефан Савиќ и Херера.

ПСЖ со головите на Ди Марија и еден на Мение дојде до победа од 3:0 против најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид.  Интересно, Ди Марија е само вториот фудбалер во историјата на ЛШ кој постигнал два гола и против Реал и против Барселона после Марио Жардел.

Динамо Загреб ја разнесе Аталанта со 4:0, а хет-трик реализира Мислав Орсиќ. Капитен на овој натпревар беше македонскиот интернационалец Аријан Адеми кој асистираше за еден гол на Орсиќ.

Баерн стигна до убедлива победа над Црвена Звезда и тоа поради два гола во финишот на мечот. Кингсли Коман ги доведе „баварците“ во предност, а дури во 80 минута по големата грешка на дефанзивците на Звезда Роберт Левандовски зголеми на 2:0. Кога се беше решено Милер се погрижи за убедливи 3:0.

ГРУПА А

КЛУБ БРИЖ – ГАЛАТАСАРАЈ      0:0
ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД   3:0
Ди Марија 14’, 33’, Мение 90’

ГРУПА Б

БАЕРН – Ц.ЗВЕЗДА          3:0
Коман 34’, Левандовски 80’, Милер 90’
ОЛИМПИЈАКОС – ТОТЕНХЕМ    2:2
Поденс 44’, Валбуена 54’(п) – Кејн 26’(п), Лукас 30’

ГРУПА Ц

ДИНАМО З. – АТАЛАНТА             4:0
Леовац 10’, Орсиќ 31’, 42’, 68’
ШАХТЈОР – МАН.СИТИ 0:3
Марез 24’, Гундоган 38’, Жесус 76’

ГРУПА Д

АТЛЕТИКО – ЈУВЕНТУС  2:2
Савиќ 70’, Херера 90’ – Квадрадо 48’, Матуиди 65’
БАЕР Л. – ЛОКОМОТИВА М.      1:2
Хеведес 25’(аг) – Криховјак 16’, Баринов 37’