Вардар три кола има победи, и без примен гол, со што ја покажа својата добра форма. Меѓутоа денеска во рамките од 6. коло најтрофејниот македонски тим е пред сериозни искушенија. Гостуваат на „жешкиот“ терен на Чаир, кај Шкупи. Секогаш за Вардар тешко и пеколно гостување.

Денеска во Тетово ќе се одигра дербито во кое Ренова ќе ја пречека Шкендија. По одличниот старт, Ренова влезе во мини „криза“ со два порази по ред, а Шкендија, пак, обратно – по лошиот старт, минатата недела го совлада тимот на Работнички. Во секој случај овој дуел секогаш буди интерес, без разлика кој каде е на табелата.

Работнички мора да најде „рецепт“ да го победи составот на Македонија ЃП денеска и да проба да го избегне „фенерот“. „Романтичарите“ имаат пред себе противник кој има супер старт на сезоната, без пораз и второ место на табелата.

Лидерот на табелата Академија Пандев гостува во Струга, која како нов прволигаш има само победи на домашен терен. Струга Трим Лум ќе се вади и за поразот на Вардар во Скопје.

Силекс гостува кај Борец. Можеби кратовци важат за фаворити, меѓутоа Борец на домашен терен сезонава на загуби од големите Шкендија и Вардар, па така во Велес може секој да победи.

ДВОЈКИ, 6. КОЛО (ДЕНЕСКА 15:30 Ч.)

ШКУПИ – ВАРДАР

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА

БОРЕЦ – СИЛЕКС

СТРУГА ТЛ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ