На денешната средба со новинарите, челниците на КФСМ зборуваа и за проблемот кој настана по преземањето на салата на СРЦ „Кале“ со термините за одбојкарската репрезентација и екипата на футсал тимот Шкупи.

„Имаше секаква соработка меѓу КФСМ и одбојкарите, им честитаме за успесите и ги поддржуваме за успехот. Ние ја превземавме салата од други, ни го дадоа распоредот со термините за текот на летото, не знаеме како бил направен, одбојкарите ги немаше. Дојде Шкупи играше претквалификации, за да после излезе деке два дена претходно одбојкарите треба да дојдат дека имаат турнир. Тоше за заложи за Градски Парк. Никој не е избркан, без да им земеме пари, еднаш двапати настана недоразбирање“, вели генералниот секретар, Влатко Георгиевски.