Управниот одбор на НБА лигата ја одобри продажбата на Бруклин Нетс. Досегашниот сопственик на тимот Михаил Прохоров, го продаде мнозинскиот пакет акции на кинескиот бизнисмен Џое Цаи.

Вкупната сума на трансакцијата изнасува 3,5 милијарди долари, што беше рекорд не само за кошарката, туку и за професионалните спортови воопшто. Цаи плати 2,35 милијарди американски долари за самиот клуб и уште 1,15 милијарди долари за арена во која Бруклин ги игра своите натпревари во НБА лигата. Инаку Цаи е роден на Тајван, а од 13 години е во САД. Тој е еден од основачите на корпорацијата „Алибаба“.

Претходно, рекордот за најголема трансакција го држеше уште еден НБА тим, Хјустон Рокетс кој беше продаден за 2,2 милијарди долари. Прохоров го поседуваше клубот уште од 2009 година, кога купи 80% од акциите за 223 милиони долари.