Втора доза натпревари од 1.коло на групната фаза во Лигата на Европа. Големо изненадување во Менхенгладбах. Домашната Борусија се посрамоти во дуелот со австриски Волфсбергер со тоа што изгуби дури со 0:4, а уште на полувреме имаше дефицит од три гола. А за првпат Борусија прима три гола во првите 45 минути на еден натпревар после дуелот до Бока Јуниорс во 1978 година во Интерконтиненталниот куп.

Австријците од 13 па до 41 минута ги реализираа головите преку Вајсман, Лајтгеб и Рицмаер. Во 69 минута погоди Лајгеб.

А Партизан oдигра 2:2 со АЗ Алкмар. Холанѓаните поведоа преку Стенгс, а во 27 минута останаа со играч помалку поради црвениот картон на Свенсон. Тогаш и се распадна нивната игра. Бербас Натхо од пенал изедначи во 42 минута, а во второто полувреме Израелецот на асистенција на Умар Садик го постигна победничкиот гол. Меѓутоа тоа не беше се. Тимот од Алкмар се разбуди и иако имаше играч помалку на теренот успеа да однесе бод од Белград. Голот вреден бод го постигна Буаду во 67. минута.

Впечатлива е победата на Лудогорец над рускиот гигант ЦСКА Москва со 5:1, а Бугарите губеа на полувреме, а потоа дадоа пет гола.